Цветановски се договори со босанскиот гигант Железничар

Македонскиот интернационалец, Матеј Цветановски, во новата сезона ќе игра во шампионатот на Босна и Херцеговина. Тој се наоѓа во Златибор, каде Железничар од Сараево се подготвува за новата сезона и деновиве ќе го официјализира договорот со Цветановски на една сезона. Напаѓачот минатата сезона ја мина во Брера Струмица, а сега се одлучи за нов предизвик.

Освен за струмичани, 27-годишниот Цветаноски во кариерата настапуваше за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Шкупи во земјава, додека во странство имаше авантури во унгарски Ѓирмот и албански Партизани. 

Железничар зад себе има променлива сезона, па доведувањето на Цветановски е прв чекор кон реновирање на тимот.