ВИДЕО: Цветаноски ги шокира „пандевци“ во 93. минута и донесе голем бод за Струга

Екипата на Академија Пандев ремизираше на домашниот меч против незгодната Струга (1-1), која се избори за бод во завршницата и си замина дома со поволен резултат во 15. коло од ПМФЛ. Струмичани не го искористија киксот на Вардар, и не само тоа, не ја задржаа предноста пред Шкендија, која победи против Ренова и продолжи да се искачува на првенствената табела.

Домашните фудбалери имаа повеќе од играта во текот на цел меч и заслужено го отворија резултатот. Сепак, долго време мораа да чекаат на тоа и ја надмудрија денес одлично организираната одбрана на гостинската екипа дури во второто полувреме. Во првиот дел Струга Трим Љум ги имаше позрелите шанси, но Чубраковиќ со серија на одбрани, некои од нив спектакуларни го остави почетниот резултат на сила.

Одличната акција во 68. минута му овозможи на Марко Рајковиќ да го постигне водечкиот погодок на мечот. Центрираше Горан Томовски, а капитенот Сашко Пандев со глава прекрасно го пронајде својот соиграч и му овозможи од непосредна близина да ја затресе противничката мрежа.

Стружани имаа што да кажат во продолжението, иако нивните акции не беа така опасни и сериозни за да го загрозат голот на Душан Чубраковиќ. Една таква донесе шок за домашната екипа длабоко во надополнувањето во 93. минута, кога Дејан Цветаноски погоди со глава и ги постави конечните 1-1.

Со ова реми екипата на Тренчовски не успеа да профитира од домашното реми на Вардар против градскиот ривал Шкупи. Во следното коло, Академија Пандев му гостува на Шкупи, а Струга ќе ја пречека разиграната Шкендија.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15