ВИДЕО: Цветаноски му даде гол на Шишко во босанското дерби

Во рамките на 27. коло на Првата босанска фудбалска лига екипата на Железничар го доби дербито со Борац Бања Лука (2-1). На овој натпревар настапија тројца македонски интернационалци. Стартери за Борац беа Дамјан Шишковски и Бобан Николов, додека резервист за домаќинот беше Матеј Цветаноски

Токму крилниот напаѓач го постигна израмнувачкиот гол откако Борац поведе преку Хирош. Цветаноски влезе во игра во 57. минута, а веќе во 76. стрела за израмнување. Македонскиот фудбалер доби топка низ одбраната, добро истрча и откосо го матира Шишковски.

  • Голот на Цветаноски против Борац:

За Матеј Цветаноски ова беше трет првенствен гол, а има и пет асистенции. Човек на одлука во последните минути од мечот беше Шошиќ со погодок за конечните 2-1.

Ова е удар за Борац во борбата за титулата бидејќи Зрињски скокна на лидерското место со бод повеќе. Од друга страна, Железничар го искористи киксот на третопласираниот Сараево и му пријде на само бод дефицит во трката за Европа.