• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски ја доживеа една од најтешките повреди во спортот и го очекува повеќемесечна пауза од терените. Тој беше изнесен на носилки за време на натпреварот меѓу Жељезничар и Слога Добој, а од клубот од „Грбавица“ ги соопштија деталите за повредата.
Како што информираа од Железничар, крилниот напаѓач ги скршил тибијата и фибулата, односно двете коски на потколеницата, поради што во никој случај не смее да се форсира неговото враќање на теренот.
„На Матеј Цветаноски му посакуваме брзо и успешно закрепнување. Со тебе сме и те чекаме. Цветаноски заработи фрактура на двете коски од потколеницата и беше подложен на оперативен зафат. Биди силен“, порачаа од клубот.
28-годишникот ќе паузира најмалку шест до осум месеци, што значи дека ќе го пропушти и стартот на сезоната 2027/2028. Цветаноски беше една од главните офанзивни алки на „сините“, а неговото отсуство дополнително ќе ги продлабочи проблемите во нападот на сараевскиот тим.


