• Саше Љолес

Екипата на Силекс впиша уште еден пораз во пријателските средби во зимскиот период и денес загуби од босанскиот Железничар со конечни 0-2 (0-0).
Актуелниот лидер во ПМФЛ се сретна со неколку силни екипи во подготвителниот период, трипати загуби и двапати ремизираше, но овие дуели сигурно се добредојдени за четата на Александар Васоски.
Формата постепено се темпира, а прв предизвик за кратовчани во продолжението од сезоната ќе биде Куп-натпреварот против Детонит Плачковица, кој ќе се одигра на деветти февруари.
Творец на победата на Железничар беше Сулејман Крпиќ, автор на двата погодока, а во листата на асистенти еднаш се запиша нашиот Матеј Цветаноски. За Железничар настапи и вториот македонски интернационалец Мартин Мирчевски.