• Саше Љолес
Сезоната во американската МЛС лига завршува во декември, а потоа следува малку подолга пауза, која некои играчи би сакале да ја поминат активно, односно со евентуална позајмица во друг клуб, надвор од ова првенство.
Имено, Лионел Меси е еден од нив, и наводно изразил желба да остане во натпреварувачки ритам, бидејќи Светското првенство е следното лето, па смета дека планираната пауза не би му одговарала.
Еден од европските клубови кои сакаат да го искористат моментот е турскиот гигант, Галатасарај, кој наводно подготвува понуда за аргентинскиот магионичар да помине неколку месеци во нивните редови.
Тоа би бил вистински спектакл за турскиот, но и за европскиот фудбал, секако, доколку Меси навистина реши да дојде во Истанбул.
Американските медиуми не ја исклучуваат можноста Меси да ги помине тие неколку месеци на позајмица, и нема сомнение дека клубовите ќе се обидат да го доведат магионичарот во своите редови.


