Цуцули претставен во Кукс: Верувам во проектот на клубот!

Адриан Цуцули денес и официјално беше промовиран во новиот дрес на албанскиот прволигаш Кукс, со кој потпиша едногодишен договор.

Тимот на Кукс моментално настапува во Лига на Европа, а во првиот натпревар од третото коло на гостински терен беше поразен со 5-2 од тимот на Торпедо Кутаиши.

Доскорешниот играч на Шкендија по претставувањето изјави дека ќе се обиде да биде од помош на тимот за освојување на титулата.

„Минатата сезона ги освоив двата трофеи во Македонија, а сега сум подготвен за нов предизвик. Кукс покажа дека е кандидат за титулата, па оваа година ќе се стремиме кон тоа. Верувам во проектот, кој го има раководството на Кукс“, изјави Цуцули.

Покрај за Шкендија, Цуцули настапуваше и за тимовите на Велазерими, Милано, Победа и Партизани Тирана.