• Горан Упале

Поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули си најде свое место во тимот на Дрита Гњилане и потпиша нова соработка со косовскиот прволигаш, кој е предводен од екс-тренерот на Шкупи, Ардијан Нухиу.
Искусниот дефанзивец (32) оваа сезона запиша одлични настапи во дресот на Дрита и на еден начин го натера раководството да му понуди нов договор, кој вчера беше потпишан со важност од 2022 година.
Некогашниот капитен на Шкендија, во косовскиот шампионат се пресели минатото лето, а претходно настапуваше и во Албанија.