Цуцули ја напушти Албанија и потпиша за првакот на Косово

Македонската колонија во Косово е побогата за уште еден член. Поранешниот репрезентативец Ардијан Цуцули се пресели во двократниот шампион на косовската Суперлига, Дрита од Гњилане.

Некогашниот фудбалер на Шкендија го напушти албанскиот Кукс и се обврза на едногодишен договор со Дрита. Покрај за Шкендија и Кукс, дефанзивецот ги носеше и дресовите на Велазерими, Победа и Милано во ПМФЛ и Партизани од Тирана во Албанија.

32-годишниот Цуцули одигра осум натпревари за најсилната фудбалска репрезентација на Македонија, а претходно беше повикуван во младинските категории на националниот тим.

Дрита и сезонава е голем фаворит за титулата, иако конкуренцијата е поголема и вложувањата во косовските клубови рапидно порасна.