ВИДЕО: ЦСКА доминира во Москва, Спартак загуби по четири кола

ЦСКА Москва дојде до значајна победа и славеше (3-1) во дербито за Москва против ривалот Спартак кој играше во одлична форма.

  • ЦСКА Москва - Спартак Москва 3-1:

Спартак Москва не знаеше за неуспех на четири кола во низа во рускиот шампионат, но тимот на Тедеско загуби во дуелот со лутиот ривал. Вистинските возбудувања беа во првото полувреме, кога паднаа три гола.

Гостинот изненади и поведе на мечот во 11. минута, со голот на Понче. ЦСКА беше инфериорна, се до 30. минута кога Магнусон погоди за 1-1, а тој гол како да им даде крилја на домашните, па следеше нов погодок во мрежата на Спартак, овој пат дело на хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ. Пред самиот крај на мечот, во 91. минута, за домашните погоди и Ејуке. ЦСКА Москва се наоѓа на четвртото место на табелата, додека Спартак Москва е втора и направи чекор назад во битката за лидерската позиција со Зенит.

Гостинска победа извојува Рубин на теренот на Динамо Москва, а Урал беше подобар од Химки Москва со 3-1. Изненадувањето на сезоната Сочи донесе три бода од Ахмат Грозни (0-1).

  • Динамо Москва - Рубин Казањ 0-1: 

  • Ахмат Грозни - Сочи 0-1: 

  • Урал - Химки Москва 3-1: 

Утре се играат натпреварите: Зенит - Арсенал Тула и Ростов - Локомотив Москва.