• Саше Љолес
Фудбалскиот клуб ЦСКА Софија објави дека започна рушењето на нивниот „Стадион на бугарската армија“ и наскоро се очекува почетокот на изградбата на новиот модерен спортски објект.
Постоечкиот стадион беше изграден во далечната 1923 година и честопати беше реновиран и доградуван, но сега конечно дојде решение за целосно рушење и изградба на нов стадион. Проектот чини 45 милиони евра, а новиот објект ќе има капацитет од 16.000 седишта.
„Не ни е потребен огромен стадион. Полесно е да се изгради, отколку да се одржува. На новиот стадион нема да се игра само фудбал, туку ќе се одржуваат и други манифестации од спортско-забавен карактер. Градиме нешто што во Бугарија не е направено во последните 40 години“, изјави Даниел Димов, член на Управниот одбор на клубот.
Новиот стадион на ЦСКА Софија треба да биде готов во 2026 година, а дотогаш тимот ќе го користи националниот стадион „Васил Левски“.