ВИДЕО: ЦСКА го доби московското дерби, Зенит моќен и во Казањ

Екипата на Зенит славеше на гости кај Рубин Казан (1-3) и продолжи со добрите партии во руската Премиер лига каде е апсолутен лидер.

Тимот од Санкт Петербург имаше сигурно прво полувреме и во него си го трасираше патот до победата. Артем Џуба со два гола и Клаудињо со еден донесоа сигурна предност за гостинот на паузата (0-3), а во вториот дел домашните благодарение на автоголот на Чистјаков го намалија поразот.

  • ЦСКА Москва - Спартак Москва 1-0: 

ЦСКА Москва забележа важна победа во московското дерби со Спартак Москва (1-0) и така остана „жива“ во играта за највисок дострел во рускиот фудбал. Единствениот погодок на мечот на „Арената ЦСКА“ падна во 81. минута, кога реализираше Заболотни.

  • Рубин Казањ - Зенит 1-3: 

Во третиот понеделнички натпревар, Урал и Локомотив Москва одиграа без голови.

Состави

Алексеј Березутски

4-4-2

    Rui Vitoria

    4-4-2