• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски репрезентативец Лирим Ќамили е на радарот на бугарскиот фудбалски клуб ЦСКА Софија. Како што пренесуваат данските медиуми, клубот од Бугарија испратил официјална понуда до Сондерјиске за услугите на 27-годишниот офанзивец, но таа засега е одбиена.
Според информациите на реномираното данско издание „Tipsbladet“, ЦСКА испратила неколку понуди за Ќамили, при што последната достигнала вредност од 600.000 евра. Сепак, клубот од данската Суперлига го одбил ова понудено обештетување, затоа што повисока сума за да се откажат од својот најдобар фудбалер.
Лирим Ќамили е роден во Данска, но со македонско потекло, па така настапува за националниот тим на Македонија. Фудбалскиот пат го започна во клубовите Хвидовре и Хорсенс, пред минатото лето да се пресели во Сондерјиске.
Таму во својата прва сезона блесна со одлична форма и се етаблираше како најдобар стрелец на тимот со 11 погодоци на 28 прволигашки натпревари.





