ФОТО: „Црвено-црните“ летнаа за Трондхајм, Розенборг можност за први бодови во ЛЕ!

Македонскиот шампион рано утринавa тргна кон норвешкиот град Трондхајм, каде што утре од 19.00 часот ќе го игра вториот натпревар во групата Л на Лига Европа против Розенборг. 

„Црвено-црните“ во Норвешка ќе пристигнат во попладневните часови, а од 18.30 часот ќе се одржи официјалната прес конференција. 30 минути подоцна тренерот Јаневски ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“, каде што ќе се одигра натпреварот. 

Вардар во Трондхајм замина по првиот триумф во групната фаза од Лигата на Европа, после поразот од Зенит во првото коло на натпреварот одигран во Скопје.