Црвениот картон за Калулу доведе и до смртни закани за судијата Ла Пена!

По драматичното италијанско дерби помеѓу Интер и Јувентус, судијата Федерико Ла Пенa се најде во центарот на голема „хајка“ откако покажа црвен картон што многумина го оценија како спорна одлука.

Црвениот картон за Калулу предизвика бурни реакции од навивачите и фудбалската јавност, но се чини дека во овој случај работите отидоа и предалеку. 

Покрај официјалните импликации, Ла Пенa доби и закани кои стигнаа до ниво каде што беше загрозена неговата лична безбедност. Дел од реакциите на социјалните мрежи вклучуваа навреди, па дури и смртни закани од дел од навивачите на Јувентус. 

Во вакви случаи обично следуваат истраги и мерки од страна на клубовите и фудбалските организации, со цел да се заштити официалното лице и да се спречат вакви опасни ситуации во иднина.

Овој инцидент дополнително ја разгоре темата за употребата и улогата на ВАР технологијата, особено за правилата за контролата на судиските одлуки и начинот на кој се справува со спорни ситуациите во големи дерби натпревари.