• Мартин Танасковски

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон и официјално го комплетираше трансферот на Насер Џига од Црвена Звезда. Овој 22-годишен фудбалер со Волците потпиша повеќегодишен договор до 2030 година.
Волците истакнаа дека се работи за момче кое стана клучен играч во редовите на српскиот шампион, почнувајќи на сите осум натпревари во Лигата на шампионите.
Спортскиот директор Мет Хобс истакна дека Насер е брз, агресивен дефанзивец кој сигурно ќе му помогне на тимот.
За потсетување, од овој трансфер Црвена звезда ќе добие 12 милиони евра, како и 10 отсто од следната продажба.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.