Црвена Звезда во напад на европски опстанок

Црвена Звезда конечно го скрши мразот и третиот официјален натпревар во оваа сезона го реши во своја корист, затоа што одличниот шут на Мирко Иванчиќ го проби бункерот на Младост од Лучани (1-0). Меѓутоа, тешко дека со оптимизам ги нахрани навивачите во пресрет на еден од најважните натпревари ова лето, против казахстански Каират. Српскиот првак има гол негатива од првиот дуел и опасно виси, по четири убави европски сезони.

Точно е дека дури и во случај на испаѓање „црвено-белите“ ќе го продолжат европскиот пат во Лигата на Европа, но не е тоа она кое го посакуваат на „Маракана“. Така, на „црвено-белите“ ќе им биде потребна победа од најмалку два гола разлика за да избегнат драма и продлженија. Многу тешка задача ако се земе в предвид дека Црвена Звезда има проблем со ефикасноста и офанзивната игра. Белграѓани од почетокот на сезоната постигнаа само два гола, а еден од нив е дело на бекот на Каират, Микановиќ.

>>> Сите квоти на натпреварот Ц.Звезда - Каират во MOZZART

Казахстанците во целост се фокусираа на реваншот со Црвена Звезда. Дури и го жртвуваа националниот Куп затоа што против Туран излегоа на терен со втора постава и загубија (0:1). Но, тоа баш не им помогна, затоа што корона вирусот влезе во соблекувалната, па во изолација се Маки Бањак, Хозе Канте, Сташ Покатилов и Ајбол Абикен.

Тимот од Алмати трипати во историјата славеше против Црвена Звезда, со тој податок, на пример, не може да се пофалат Арсенал и Ливерпул. Мина понатаму во Лигата на Европа со двојна победа во 2015 година, а потоа славеше и минатата среда. Ривалот е во натпреварувачка форма и тоа ќе биде голема предност за гостите во Србија.

>>> Сите квоти во квалификациите за ЛШ во MOZZART

И покрај сите работи кои се набројаа, Црвена Звезда е квалитетен тим. И покрај тоа што Дејан Станковиќ ги нема дефинирано најдобрите стартни единаесет и има големи проблеми, пред сè кога се говори за изборот на напаѓач. Под голем знак прашалник е кој ќе го предводи тимот на реваншот со тимот од Казахстан. Добра работа за „црвено-белите“ е фактот дека Каират игра многу послабо на европските гостувања. Претходните сезони лесно губеа и од тимови со значително помал рејтинг од Ц. Звезда.

Бројките и квотите говорат дека Црвена Звезда е голем фаворит. Меѓутоа, „црвено-белите“ ќе мораат да одиграат на највисоката граница од можностите, како на пример против Милан, ако сакаат успех. На испит ќе бидат ланските најдобрите играчи Иваниќ и Катаи, кои се мачат исто како целиот тим.