ВИДЕО: Црвена Звезда во филмски стил го промовира новото засилување од Болоња

Црвена Звезда го доведе Диего Фалчинели од Болоња на позајмица за следната сезона во српската Линг-лонг Суперлига. 

Напаѓачот кој не доби премногу шанси кај Синиша Михајловиќ реши да замине од Серија А, за првиот интернационален предизвик, а во Белград доби неверојатна најава. Фалчинели беше облечен во заштитните ознаки на популарната шпанска серија „La casa de papel“.

Во видеото Фалчинели маскиран излезе од италијанската амбасада во Белград, каде со автомобил од марката „Фиат“ беше пренесен до „Рајко Митиќ“, каде подоцна потпиша договор. 

  • Промоцијата на Фалчинели во Белград:

Инаку, Фалчинели кариерата ја започна во Понтевекио и Фолињо, па премина во Сасуоло. Од таборот на „зелено-црните“ беше испраќан на позајмици во Јуве Стабиа, Ланчиано, Перуџа, Кротоне и Фиорентина, а од 2018 година е член на Болоња.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.