• Горан Упале
Фудбалскиот клуб Црвена Звезда не го заврши преодниот рок, а раководството сака да го засили тимот со уште две сериозни засилувања. Не е тајна дека Душан Тадиќ е голема желба на српскиот шампион и токму кога се чинеше дека ништо нема да излезе од тоа, ситуацијата се менува.
Според „Моцарт Спорт“, во изминатите 48 часа шансите на клубот од Љутица Богдана се зголемија во оваа сага со поранешниот капитен на српската репрезентација. Голема улога во убедувањето на Тадиќ одигра и неговиот голем пријател и соиграч од репрезентацијата, Душко Тошиќ.
Покрај Тадиќ, на радарот е и Дарко Лазовиќ, кој исто така е слободен, но преговорите со него сè уште не се започнати.
Засега, преку посредник е прашан само дали би се вратил на „Маракана“ и се чини дека поранешниот играч на Џенова и Верона нема да има ништо против. Инаку, пред реваншот со Линколн, Црвена Звезда се засили со Марко Арнаутовиќ.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


