Црвена Звезда со две победи во ЛШ зеде пари незамисливи за мак-клубови!

Црвена Звезда го заврши учеството во Лигата на шампионите со победата од 1-0 на гости кај Јанг Бојс во последниот натпревар од главната фаза. Резултатот во Берн беше неважен за двата тима, бидејќи и пред него ги загубија шансите за место меѓу најдобрите 24. 

Единствено добро за српскиот шампион е што со оваа победа се додадоа уште 2,1 милиони евра во нивната клупска каса, колку што УЕФА дава за три освоени бода. Или вкупно 4,2 милиони евра само од европската куќа на фудбалот.

Оваа цифра во моментов е научна фантастика за македонските клубови, практично, тоа е еден цел буџет на некогаш најдобриот Вардар или Шкендија, кога двата тима се бореа за титулата во мак-фудбалот.

И тоа без ТВ-права, без влезници, без реклами и спонзорства...

Со триумфот Црвена Звезда заврши на 29. место, а Јанг Бојс е меѓу најголемите разочарувања, затоа што е последен без ниеден освоен бод заедно со Слован Братислава.

Состави

Giorgio Contini

4-4-2

    Владан Милојевиќ

    4-2-3-1