ВИДЕО: Црвена Звезда со две европски победи до плеј-оф во ЛШ

Екипата на Црвена Звезда забележа победа и на гостувањето кај Пјуник во Ереван (0-2) и така со две европски победи во двомечот патува во плеј-офот за Лигата на шампионите.

  • Пјуник - Црвена Звезда 0-2:

Белграѓани првпат победија две европски средби во нокаут-рунда против ист ривал по 2018 година кога во двомеч славеа над литванска Судува. Избраниците на Станковиќ тргнаа лошо во мечот затоа што промашија пенал преку Катаи, но подоцна работите си дојдоа на свое место.

Се играше 44. минута кога повторно судијата покажа пенал за Црвена Звезда, а како сигурен изведувач се покажа Канга. Во второто полувреме, во 60. минута, Милан Павков ги постави конечните 0-2 и со вкупни 0-7 белграѓани си обезбедија европска есен (имаат сигурно учество во групите на Лига Европа).

  • Аполон - Макаби Хаифа 2-0:

Противник на Црвена Звезда во плеј-офот за Лигата на шампионите ќе биде израелска Макаби Хаифа која го елиминира Аполон од Кипар.