Црвена Звезда се засили со поранешен македонски младински репрезентативец

Поранешниот европски шампион Црвена Звезда и официјално го претстави најновото засилување за вториот дел од сезоната на српската лигата, откако стави потпис на договор со младиот Страхиња Крстевски. 

Крстевски игра на позицијата напаѓач и има 21 година, а во редовите на белградскиот тим доаѓа од Бугарија, односно од тимот на Локомотива Софија. Со „црвено-белите“ потпиша договор до јануари 2022 година. 

21-годишниот офанзвец е роден во Нови Сад, но има македонски корени, па затоа како младинец настапуваше за селекциите на Македонија до 17 и 18 години. Во својата кариера уште има игра и за матичниот клуб Војводина и Пролетер