Црвена Звезда се загрева за „вечното дерби“

Лигата на шампионите заврши, Црвена Звезда остави солиден впечаток, но остана без бодови во судирот против Манчестер Сити кој играше со втор тим. Меѓутоа, колку и да звучи чудно, „црвено-белите“ играат резултатски позначаен натпревар во Суботица против Спартак (сабота, 18:00 часот)...

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Спартак Суботица - Црвена Звезда

Екипата на Барак Бахар се врати на првото место по киксот на Партизан во Ниш и ќе се обиде тука да остане до првенствената пауза, за чудната есенска полусезона да добие позитивна оценка. Нема да им биде лесно во Суботица, бидејќи Спартак со доаѓањето на Лалатовиќ се крена. Темпераментниот стручњак на три натпревари има две победи и пораз од Железничар.

Гледајќи ја историјата, Звезда нема од што да се плаши. „Црвено-белите“ имаат петнаесет победи во низа во дуелите со клубот од северот на Србија. Головите се редовна појава на меѓусебните дуели. На седум од претходните доаѓаше 3+. Можно е Барак Бахар да направи бројни промени, односно тешкиот терен во Суботица да биде пробле за белграѓани. 

Меѓутоа, јасно е дека Црвена Звезда ќе направи сè за да се загрее за „вечното дерби“ и со сигурна победа да ја крене самодовербата. Прашање за конечниот исход не смее да се поставува. Звезда е огромен фаворит. Треба да победи со најмалку три гола на натпреварот.