• Саше Љолес
Фудбалерите на Црвена Звезда одиграа одличен натпревар и победија на гостувањето кај францускиот Лил (0-1) во првиот меѓусебен двобој во плеј-офот на Лига Европа.
- Лил - Црвена Звезда 0-1:
Гостите од Белград одиграа добро прво полувреме и успеаја да поведат со голот на Франклин Тебо Учена, кој стрелаше само шеесет секунди пред паузата. Се очекуваше Лил да тргне во поголема офанзива на стартот од вториот дел, но Французите немаа своја вечер и тешко ја пробиваа одбраната на српскиот претставник.
Црвена Звезда со голема борба успеа да ја сочува минималната предност и се враќа дома со победа која сигурно ѝ дава огромен стимул за реваншот.
- Селтик - Штутгарт 1-4:
Екипата на Штутгарт славеше гостински триумф кај шкотскиот Селтик со огромни 1-4, бугарскиот Лудогорец го надигра Ференцварош со 2-1, а екипите на Панатинаикос и Викторија Плзен ремизираа со конечни 2-2.
- Лудогорец - Ференцварош 2-1:
- Панатинаикос - Викторија Плзен 2-2:
Реванш-натпреварите од плеј-офот на Лига Европа ќе се одиграат на 26 февруари.







