ВИДЕО: Црвена Звезда се намачи да ја елиминира Судува во Белград

Поранешниот европски првак и шампион во српската Суперлига во последните две сезони, Црвена Звезда се квалификува во следното коло од квалификациите на Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ на Милојевиќ ја совладаа екипата на Судува со 2-1 (2-0) и по оние 0-0 во Литванија, се изборија за двомеч против Хелсинки. 

Во 4. минута Боачи ја затресе мрежата на гостите, а во 29. минута Германецот Марко Марин зголеми на 2-0. По директниот црвен картон на Гобељиќ за зверскиот старт, Судува половина час играше со човек повеќе, но успеа само го ублажи поразот преку Топчагиќ.

  • Извештај од натпреварот: 

Сабуртало и покрај домашниот пораз од Динамо Тбилиси со 1-3 се пласира во второто коло, исто како и Њу Сеинтс од Велс, кој на Косово го совлада Фероникели со 0-1 и со вкупни 3-2 се квалификува во следното коло.

Екипата на македонскиот тренер Зекирија Рамадан, како и Шкендија се префрла во квалификациите на Лига Европа.