• Иван Димовски


На Црвена Звезда ѝ беа доволни три кола да покаже дека е сериозен фаворит за одбрана на шампионскиот трон во Mozzart Bet Суперлигата. Тимот на Дејан Станковиќ веќе има четири бода повеќе од лутиот ривал Партизан, што му овозможува мирно да се подготвува за стартот на сезоната во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, црвено-белите нема да пропуштат шанса дополнително да поработат на самодовербата и кревањето на формата и ќе се потрудат со ново ефикасно славје да направат добра увертира за мечот со Пјуник кој на програмата е следната среда.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Црвена Звезда и Радник
Во досегашните две пресметки на стадионот „Рајко Митиќ“ екипата на Дејан Станковиќ даде вкупно девет гола. Раднички од Ниш на почетокот на мечот му правеше сериозни проблеми на домаќинот, ама на крајот немаше решение за убиствениот напад на актуелниот шампион. Шест дена подоцна Колубара немаше сили да му одолее на многу поквалитетниот противник.
Дејан Станковиќ од почетокот на сезоната форсира систем без класичен дефанзивен играч. Црвено-белите од стартот на натпреварите тргнуваат во жесток пресинг кон голот на противникот, па ривалите имаат огромни проблеми во одбраната на својот гол. Не гледаме начин на кој судруличани можат да избегнат капитулација на најголемиот српски стадион.
Квоти за останатите натпревари во Mozzart bet Суперлигата
Црвена Звезда ќе биде посебно мотивирана во овој натпревар затоа што Радник е единствен тим со кој имаше негативен скор минатата сезона. Радник славеше во Сурдулица со 2-1, додека во Белград беше 1-1. Сега мислиме дека ќе биде потполно друга приказна, односно дека црвено-белите ќе остварат убедлива победа. Може да се обидете и со двојна победа на домаќините.