Црвена Звезда продаде напаѓач во Серија А за шест милиони евра!

Џеј Енем ја напушти Црвена Звезда и кариерата ќе ја продолжи во Италија, откако белградскиот клуб постигна договор со Болоња за трансферот на холандскиот напаѓач. Според последните информации, зделката вреди околу шест милиони евра, плус бонуси. 

Енем пристигна на „Маракана“ од ОФК Београд, а по одличните настапи во црвено-белиот дрес привлече интерес од повеќе европски клубови. За Звезда одигра 33 натпревари, постигна 16 гола и забележа три асистенции. 

Болоња во него гледа инвестиција за иднината, но најверојатно нема веднаш да го задржи во својот тим. Според последните информации, италијанскиот клуб планира да го испрати Енем на позајмица, со цел да добива поголема минутажа и да продолжи со развојот. 

Црвена Звезда претходно го ангажираше Енем за околу два милиони евра, па со неговата продажба сега ќе оствари значителна заработка за клупската каса. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.