• Горан Упале
Црвена Звезда и официјално од денес е старо-нов шампион на Србија. „Црвено-белите“ со убедливата победа над ОФК Београд (3-1) по осми последователен пат е најдобар тим во српскиот шампионат и со тоа се израмни со Реал Мадрид и Јувентус по бројот на титули. Сега трите клуба имаат по 36 титули од домашните шампионати!
Сигурно е дека Јуве ќе остане на 36 титули, додека Реал Мадрид сè уште е во игра за трофејот во Шпанија. Со триесет и шест национални првенства во колекцијата е и Ајакс, но гигантот од Амстердам во мај најверојатно ќе го освои 37. пехар од холандскиот шампион.
Од клубовите кои сезонава влегоа со 35 титули, како и Црвена Звезда, извесно е дека Спарта Прага не може да стигне до 36-та, додека тесно е за Ференцварош во Унгарија и Бока Јуниорс во Аргентина.
Следна цел на Црвена Ззвезда ќе биде на оваа листа да ги прескокне Бенфика (Португалија) и Ривер Плата (Аргентина), клубови кои имаат по 38 титули.