Црвена Звезда пак егзотично купува: Репрезентативци на Панама и Кореја доаѓаат во Белград

По промоцијата на Лука Илиќ, Немања Стојиќ и Далси, Црвена звезда е на прагот да ангажира уште еден фудбалер од Јужна Кореја. На Бом Хванг, најдобрата инвестиција на црвено-белите во последно време, ќе му се придружи и Џон Вон Сеол.

Ова ќе биде уште едно милионско купување за „црвено-белите“, бидејќи момчето пристигнува од Улсан за 1,2 милиони евра. Доколку Кореецот се докаже на посакуваниот начин, ќе биде вистинската замена за Милан Родиќ, кој веќе неколку сезони е незаменлив.

Покрај Сеол, Црвена Звезда наскоро ќе го доведе и Пума Родригез, играчот на португалскиот Фамиликао и репрезентацијата на Панама. Црвено-белите за него ќе треба да одвојат 2,3 милиони евра.