• Мартин Танасковски
Корејскиот фудбалер Ин-Беом Хванг дефинитивно ја напушта Црвена Звезда, откако реши да замине во Холандија, а меѓу Ајакс и Феенорд го избра клубот од Ротердам.
Преговорите на Хванг со холандските клубови траеја долго во изминатите денови, а Звезда имаше голема желба да го задржи. Сепак, дефинитивната одлука на корејскиот играч беше да си замине до крајот на трансфер периодот.
Се очекува Кореецот наскоро да пристигне во Холандија и да потпише повеќегодишен договор со Феенорд со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
Според извештаите од Србија, обештетувањето ќе биде според излезната клаузула од 8.000.000 евра.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.