ВИДЕО: Црвена Звезда одигра херојски и по пеналите го елиминира Копенхаген во ЛШ! 

Екипата на Црвена Звезда одигра херојски натпревар во Данска и преку Копенхаген го продолжи сонот за ново учество во групната фаза на Лигата на шампионите, откако на вечерашното гостување во Данска по изведувањето на пеналите извојува голема победа и слави учество во плеј-офот на ова натпреварување.  По 120 минути игра резултатот гласеше 1-1, идентичен како и на првиот натпревар во Белград. 

  • Извештај од натпреварот: 

Српскиот шампион одлично го отвори мечот и Данска и офанзивната и организараната игра ја круниса со погодок уште во 17. минута, Сигурен реализатор беше напаѓачот Боачи по асистенција на капитенот Марин

Но, по постигнатиот гол „црвено-белите“ се загубија на теренот и дозволија Копенхаген да ја преземе иницијативата и пред самиот крај на полувремето преку Н'Доје да израмни на 1-1. 

Во вториот дел Данците имаа тотална доминација, шанси се редеа пред голот на Црвена Звезда (која од 54. минута остана без Милуновиќ поради црвен картон), но Борјан беше несовладлив, па мечот замина во продолженија. Ниту дополнителните 30 минути не донесоа победник, по што следуваше пенал-рулетот. Во ударите од 11 метри поуспешни беа гостите, откако Винд не реализира во 11-та серија.

Фудбалерите на Ајакс со заслужена победа ги продолжуваат настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. По ремито од 2-2 во Солун, вечерва со 3-2 го надиграа грчки ПАОК, а стрелци на головите беа Тадиќ (2) и Таљафико. 

  • Извештај од натпреварот: 

Пласман во последниот филтер од квалификациите обезбедија уште и екипите на Линц, Олимпијакос, Клуж и Краснодар, кој на сензационален начин го елиминира португалски Порто со победа на „Драгао“ со 2-3.

  • Извештај од натпреварот: