Црвена Звезда одби ДЕСЕТ милиони за Букари: Тоа се многу пари, но титулата нема цена

Фудбалскиот репрезентативец на Гана, Осман Букари зимава нема да ја напушти Црвена Звезда и покрај тоа што актуелниот шампион на Србија имаше богата понуда за него.

„Црвено-белите“ ја одбија понудата од десет милиони евра која Лос Анџелес Галакси ја испрати за Букари, а како што соопшти клубот, причина за ваквата одлука е желбата да се одбрани шампионската титула.

„Букари дефинитивно останува на „Маракана“. Тоа е нашата конечна одлука. Десет милиони евра е голема понуда, но титулата во мај е бесценета.

Не се работи за тоа дали некогаш во иднина ќе добиеме толкава или помала понуда за Букари, тука важно ни е тој да остане во тимот и да ни помогне во остварувањето на целите“, се вели во соопштението на Црвена Звезда. 

25-годишниот Букари е член на Црвена Звезда од 2022 година. Црвена Звезда моментално ја зазема втората позиција на табелата во Моцарт Бет Суперлигата, со еден бод помалку од лидерот Партизан.