Црвена Звезда одби 20 милиони за нашинецот, се чека рекорден трансфер!

Медиумите кај северниот сосед пишуват дека раководството на Црвена Звезда одбило богата понуда од 20 милиони евра за еден од своите најталентирани млади фудбалери, Василије Костов.

17-годишниот играч со македонско потекло, кој сезонава се истакна со одлични настапи, голови и асистенции, веќе го привлече вниманието на европските гиганти, но јасно е дека белграѓани нема лесно да се откажат од неговите услуги. Според информациите, Звезда одбила понуда од лондонски Арсенал, а во трка за потписот на Костов се споменуваат и италијанските гиганти - Интер и Милан

Интерес за младиот фудбалер покажале и европски гиганти како Јувентус и Баерн Минхен, но тие не доставиле конкретна понуда до српскиот суперлигаш. Во клубот веруваат дека Костов е вистински фудбалски бисер, што значи дека очекуваат неговата цена драстично да порасне во следниот период.

Некои одат и дотаму што велат дека токму „Македонецот“ може да го постави српскиот рекорд кога се работи за трансфери, надминувајќи ја фамозната сума од 50 милиони евра. Костов е под договор со Црвена Звезда до истекот на сезоната 2027/28.