ВИДЕО: Црвена Звезда на чекор до европска пролет, Динамо падна во Виена

Екипата на Црвена Звезда освои бод на гостувањето кај Мидтјиланд (1-1) и остана непоразена во групната фаза на Лига Европа. Овој резултат го донесе тимот на чекор до европска пролет и расплетот ќе се решава следната рунда, кога скандинавскиот тим гостува во Белград.

  • Мидтјиланд - Црвена Звезда 1-1:

По првото полувреме без голови, кое се играше на дождливо време, резултатот се отвори во 58. минута, кога поведе Црвена Звезда. Белграѓани дојдоа до гол преку Иваниќ, кој доби топка од Диони и реализираше за 0-1. Митјиланд се избори за изедначување во 78. минута преку Дир. Во вториот дуел од групата Ф, Брага беше подобра од бугарски Лудогорец на гостински терен (0-1), а единствен стрелец беше Хорта во 7. минута.

Динамо Загреб, кој настапи без капитенот Аријан Адеми, доживеа пораз кај Рапид Виена (2-1). Австрискиот тим уште во 9. минута поведе преку Грул, а откако Оршиќ по проигрување на Иванушец ги врати надежите на гостите (1-1), најдобриот домашен играч Хофман во 34. минута погоди за 2-1, што беше и конечниот резултат. Стефан Ристовски тргна од првата минута за Динамо Загреб и на терен беше до 78. минута, кога на негово место влезе Мохарами.

Фенербахче на домашен терен како голем фаворит не успеа да победи со Антверпен (2-2), а Бетис од пенал се спаси против Баер Леверкузен (1-1).

Eдинствениот натпревар без голови го одиграа Лацио и Олимпик Марсеј на „Олимпико“ во Рим. Најдобрата прилика за гостите Марсеј ја пропушти Џенгис Ундер во 40. минута, кога неговиот удар го скроти Стракоша. Лацио, пак, даде гол преку Чиро Имобиле во 58. минута, ама беше поништен поради офсајд.

Состави

Bo Henriksen

3-4-3

    Дејан Станковиќ

    4-2-3-1