Црвена Звезда може да реши сè во Белгија

„Црвено-белите“ се во добра позиција пред гостувањето кај Гент, но ако се земат предвид проблемите во составот (не играат Катаи и Саного), не е претерано да се каже дека реми би било премија за српскиот шампион.

Сѐ е јасно: Црвена Звезда в четврток во белгиски Гент ја има првата меч-топка за пласман во нокаут-рундата на Лигата на Европа и втора пролет на сцената на стариот континент во претходните четири години (18:55 часот). Меѓутоа, српскиот шампион, по две врзани победи во натпреварувањата на УЕФА се наоѓа во големи проблеми и белгискиот претставник ќе биде благ фаворит. Тренерот на Црвена Звезда нема да може да смета на најдобриот играч на тимот, Александар Катаи, додека под знак прашалник се Марко Гобељиќ и Жељко Гавриќ. Кога на тоа ќе се додаде дека Саного има три жолти картони, јасно е зошто постојат размислувања дека и бод би бил како бинго за Звезда.

Сите квоти од натпреварот Гент - Црвена Звезда

Со реми против Гент, Црвена Звезда математички би го исфрлила од игра тимот кој претходно на „Рајко Митиќ“ го совлада со 2-1 и многу веројатно би ја одржала предноста пред Либерец, кој игра против првиот фаворит во групата Хофенхајм. Гент сѐ уште нема бод на контото и само максимален учинок им гарантира опстанок во трката за европската пролет, што јасно најавува голема офанзива на тимот на Вим де Декер.

И покрај поразот во Белград, Гент на тој натпревар покажа раст на формата. За тоа сведочат седумте освоени бода во претходните три кола во домашното првенство. Гент пред паузата ремизира со Андерлехт, па во неделата славеше над Шарлроа и тргна кон горниот дел на табелата. Добра работа за црвено-белите е фактот дека за Гент нема да игра првиот напаѓач Јаремчук. Но, за разлика од мечот во Белград, во тимот ќе биде првиот стопер Нгаџуи, а тука е и најдобриот играч за врска, искусниот Оџиџи Офое, кој е повеќе подготвен од претходно. Покрај тоа, на голот се враќа првиот чувар на мрежата Борјан. Оваа натпреварувачка година Црвена Звезда успеа да слави на гостувањата во Тирана, го преживеа неутралниот терен во Никозија против Арарат, ремизира со Омонија и поразена е во судирот со Хофенхајм. 

Сите квоти од натпреварите во Лига Европа

Ако се гледаат бројките, Црвена Звезда е во извонредна форма. Тимот на Станковиќ има серија од шест победи по ред. Скоро рутински тимот си ја заврши работата во големото дерби во лигата против Војводина (2-0) и ја сочуваа мрежата по пет натпревари. Постои и традиција која вели дека Звезда низ историјата не поминува добро во Белгија, затоа што е поразена во дуелите со Андерлехт и Бриж.

Многу ќе зависи од изборот на тренерот на Гент, Де Декер. Одлуката на младиот тренер да се фокусира на домашното првенство би ги зголемила шансите на Црвена Звезда. Но, Гент поради сѐ што е наведено има почетна предност, се работи за тим кој на свој терен е пример за работа, во рамки на Лига Европа ги победи Сент Етјен и украинска Олександрија, а ремизира со Рома. Ако ги исклучиме емоциите, ќе кажеме дека 1Х е сосема реална опција, со можност да биде и ГГ.