• Горан Упале

Некогашниот европски фудбалски шампион, Црвена Звезда, веројатно ќе добие нов, модерен стадион.
Идејата на првиот човек на белградскиот клуб е да се изгради нов стадион, бидејќи се проценува дека би било уште поскапо да се реновира постоечкиот објект – легендарната „Маракана“, сега именувана „Рајко Митиќ“.
Генералниот директор Звездан Терзиќ беше прашан кога се очекува да се гради новиот стадион.
„Не е толку едноставно. Треба да го смениме планот, деталите за регулативата, проектите, другите планови. Не би сакал да зборувам за рокови, но мораме да ја подготвиме таа документација, затоа што од таму почнуваме, па можеби некој ќе ја заврши работата по нас.
Не најдовме ништо во документација. Многу спорни сопственици на земјиштето, некои трибини на стадионот не беа ни легализирани, терените не беа легализирани исто така. Во правната служба владееше општ хаос, но направивме многу за да подготвиме идеја и нов проект. Претходница на сето ова е да се изгради тренинг камп во близина на аеродромот, за да се обезбеди непречен живот на клубот таму додека стадионот се гради овде. И веројатно ќе се градат фаза по фаза и за тоа време би се играле натпревари. Знам дека секој звездаш е врзан за „Маракана“, но погледнете го случајот со Арсенал - „Хајбери“ беше дел од историјата на клубот, но сега секој е среќен што се изгради „Емирати“ стадионо“, изјави Терзиќ.
Црвена Звезда во последните години е редовен учесник во елитните натпреварувања на УЕФА, па потребата од нов стадион и тоа како ѝ е потребна.