• Горан Упале
Светската фудбалска федерација (ФИФА) воведе забрана за регистрација на засилувања на Црвена Звезда, ексклузивно објави „Спорт Клуб“.
Казната важи до летото 2027 година, или додека не се намири долгот во еден од случаите што се завршени пред Судот на ФИФА. Одлуката е донесена пред неколку дена во Мајами, седиштето на Дисциплинската комисија на светската фудбалска организација.
На Црвена Звезда ѝ е дадена можност да го регулира долгот во наредните денови, пред почетокот на преодниот рок, што би ги елиминирало несаканите последици во претстојниот регистрациски период. Одлуката на телото на ФИФА е извршна.
Засега нема потврда од Фудбалскиот сојуз на Србија за казната на Црвена Звезда. Со слична суспензија се соочува и македонскиот Тиквеш, поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.


