Црвена Звезда доминира во Србија, ја освои 35. титула

Екипата на Црвена Звезда дојдоа до победа над ТСЦ Бачка Топола (2-1) и така ја осигураа шампионската титула во Суперлигата каде доминираат со години.

За белграѓани ова беше седма титула во серија, или вкупно 35. во историјата. На четири кола пред крај Црвена Звезда има плус 14 во однос на најблискиот следбеник Партизан кој неочекувано доживеа пораз од Војводина.

Поради освоената титула, Црвена Звезда ќе има настап во новото издание од Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Црвено-белите ќе напаѓаат и двојна круна на домашната сцена затоа што на 21 мај играат финале во Купот на Србија против Војводина.