Црвена Звезда ја повлекува единаесетката во чест на Драган Џајиќ!

Единствениот европски првак од овие простори, белградска Црвена Звезда објави дека дресот со број единаесет повеќе никој нема да го носи на натпреварите на клубот. Фудбалскиот клуб Црвена Звезда одлучи да го повлече дресот со број единаесет на свеченоста по повод 60-годишнината од доаѓањето на еден од најголемите играчи на сите времиња, Драган Џајиќ.

Џајиќ беше прогласен за трета „ѕвезда“ на Црвена Звезда. Тој беше член на најтрофејната генерација во историјата на клубот, која за дванаесет години освои пет титули и четири Купа на Југославија. Подоцна беше истакнат функционер, а беше и технички директор кога Црвена Звезда стана европски и светски шампион во 1991 година.

Ова е трет број што Црвена Звезда ќе го повлече од употреба. Таа го повлече бројот дванаесет во чест на навивачите, потоа 26 поради прерано починатиот фудбалер Горан Гогиќ, а причината за повлекувањето на легендарниот број единаесет е 60-годишнината на Драган Џајиќ во Црвена Звезда и како играч и како функционер.

Дресот, кој сега го носи Осман Букари, ќе биде пензиониран следната сезона.