Црвена Звезда ја губи трката за потписот на поранешниот херој на Манчестер Јунајтед

Екипата на Црвена Звезда и во новата сезона ќе биде дел од европската елита, откако благодарение на одбраната на титулата во домашниот шампион, обезбеди квалификации за Лигата на шампионите. 

По тој повод, Дејан Станковиќ веќе започна да го гради тимот со кого ќе се бори за ново учество во групната елитна фаза, а меѓу првите желби му е поранешниот член на Манчестер Јунајтед, Федерико Македа.

„Црвено-белите“ веќе испратиле понуда за италијанскиот напаѓач, но според грчките медиуми ја губат трката за неговиот потпис, затоа што во игра влетал клуб од Дубаи, кој на маса доставил далеку повисока понуда. 

28-годишниот напаѓач одигра одлична сезона во редовите на Панатинаикос и на 23 натпревари постигна 12 гола, а на пошироката фудбалска јавност е познат како херојот на Манчестер Јунајтед од сезоната 2008/09, кога како 17-годишник го постигна одлучувачкиот гол против Астон Вила, со кој Јунајтед на еден начин стави печат на шампионската титула во Премиер лигата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.