Црвена Звезда игра меч на одлука, очекувајте шаховска партија со Брага

„Црвено-белите“ се непоразени на три гостувања по ред во Европа. Исто така, треба да се има на ум дека српскиот шампион одигра доста добар тактички меч во Белград против Брага и на крајот славеше со 2-1.

Се надеваа во Црвена Звезда дека нема да биде така, но клучниот натпревар за опстанок во Лига Европа се игра на стадионот на Брага. Тимот од Белград обезбеди европска пролет, ќе има најмалку продолжение во Конференциската лига, меѓутоа позитивен резултат на „Мунисипал“ ќе донесе нов успех на генерацијата која ја води Дејан Станковиќ. Можеби ова ќе биде и највредниот резултат на темпераментниот стручњак во кратката тренерска кариера...
Ако го гледаме начинот на кој игра Брага, пред Црвена Звезда е тешка мисија која се граничи со невозможното. И, секако, ќе се чекаат вести и од Бугарија, каде Мидтјиланд гостува кај Лудогорец и евентуална победа на бугарскиот првак би била од помош за белграѓани. Звезда во последните четири години победувала и посилни и побогати од Брага. Меѓутоа, овој момент е далеку од идеален. Португалскиот тим игра за опстанок, додека околу „црвено-белите“ владее неизвесност, посебно кога се говори за тренерот Дејан Станковиќ и неговото потенцијално заминување во Сампдорија.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Брага - Црвена Звезда

Двата тима овој натпревар го дочекуваат во одлично расположение. Брага, како со години назад, е зацврстена на четвртото место во Португалија. Со брилијантна игра тимот овој викенд славеше над Визела, исто беше и против тврдиот Есторил. Ривалот на Звезда оваа сезона на свој терен досега загуби само од Спортинг (1-2), додека ремизира во дуелите со Гимараеш и Боависта. Брага беше повеќе од убедлива во Лигата на Европа, против Лудогорец и Мидтјиланд - збирно им даде седум гола. Сите овие факти не ветуваат комотно гостување за Звезда, но, „црвено-белите“ се непоразени на три гостувања по ред во Европа. Така, не треба толку многу да се сомневаме во српскиот шампион кој во Белград одигра одличен тактички меч со Брага и славеше со 2-1.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во ЛЕ

Црвена Звезда е во серија од шест победи, интересно е дека Милан Борјан 442 минути ја нема вадено топката од мрежа, поточно на претходните четири натпревари. Српскиот тим никогаш во историјата не победил во Португалија. Има два порази и реми баш против Брага во 2005 година кое ѝ донесе пласман во Лига Европа.

Нема сомнеж дека „црвено-белите“ со густа формација и засилена одбрана со тројца стопери ќе се обидат да дојдат до капитален бод. Домаќинот е фаворит, очекуваме еден тврд натпревар со најмногу два гола. Звезда покажа дека знае така да одигра.