Црвена Звезда и Станковиќ купуваат 20-годишен талент на Манчестер Сити?

Црвена Звезда наскоро би можелa да добие нов напаѓач во својот ростер, и тоа на сметка на одличната соработка со екипата на Манчестер Сити.

Имено, српскиот и англискиот шампион веќе неколку години имаа одлична меѓусебна соработка, а истата започна во 20017, кога браќата Илиќ, Иван и Лука за 5,5 милиони евра од Белград се преселија во Манчестер. 

Но, наскоро треба да се реализира трансфер, но во обратен правец. Наводно, како што пишува „Моцарт спорт“, Црвена Звезда е заинтересирана за услугите на младиот српски репрезентативец Слободан Тедиќ. 

20-годишниот офанзивец важи за еден од најголемите фудбалски таленти во Србија, а во Манчестер Сити се пресели пред две години, кога за трансфер од три милиони евра го напушти Чукарички