• Горан Упале
Василије Костов продолжува со одличните настапи оваа сезона и сега нема сомнеж дали ќе биде стартер во европските натпревари. Тој ја презеде улогата од Андрија Максимовиќ од минатата сезона и ужива да биде на теренот како најголем бисер на Црвена Звезда, па речиси е сигурно дека и тој ќе направи голем трансфер веднаш по полнолетството.
Управата на Црвена Звезда прави потези во насока на создавање најдобра можна пазарна цена, па 17-годишникот кој има македонско потекло ја доби честа да ја носи капитенската лента на првиот тим на Црвена Звезда. Иваниќ му ја предаде лентата кога излезе од игра во 60. минута, па Костов е можеби најмладиот играч во историјата на Црвена Звезда кој ја имал улогата на капитен.
Многу клубови веќе се заинтересирани за Костов, а администрацијата гради мостови за нов рекорден трансфер за клубот и српскиот фудбал. Доколку продолжи да се развива со ова темпо, сосема е реално да надмине 15 милиони евра, колку што изнесуваше износот на продажбата на Вељко Милосављевиќ во Борнмут.
Костов има македонско потекло, но веќе настапи за сениорскиот тим на Србија, на квалификацискиот натпревар со Албанија пред неколку дена.



