Црвена Звезда голем фаворит, но во „вечното“ српско дерби сè е можно

Постои една децениска флоскула за тоа дека дерби натпреварите никогаш не се знае како ќе течат и дека такви натпревари ја неутрализираат моменталната форма, разликата во квалитетот на тимовите и предноста на домашниот тренер... Точно е се тоа кога играат Црвена Звезда и Партизан, ама пред 175 вечно дерби на најголемите српски клубови се е на страната на тимот на Владан Милојевиќ.

Покажаа црвено-белите во претходните две средби дека достигнаа оптимална форма и дадоа десет гола, без да примат ниту еден, додека Партизан мини-серијата од две ремија ја прекина со убедлив триумф над ОФК Београд (4-1). Меѓутоа, јасно е дека Партизан е во транзиција и новиот тренер Срѓан Благојевиќ почнува да ги имплементира своите идеи.

Црвена Звезда е апсолутен фаворит. Станува збор за тим од Лигата на шампионите кој има 21 бод предност и реална можност и пред плеј-офот да стигнат до шампионската титула. Сепак, црвено-белите играат со нова одбрана, односно со Милосављевиќ и Ѓуриќ во главни улоги. Од друга страна ќе има многу бонуси, па јасно е дека дуелот ќе го почнат десниот бек Рогановиќ, младиот стопер Симиќ и нешто поискусниот Илиќ. Сè ова навестува дека можеме да гледаме многу ефикасен меч и голови на двете страни. Меѓу другото, на четири од претходните пет меѓусебни средби доаѓаше 3+. Звезда е поуспешна во поновата историја и тоа не само поради триумфот од 4-0 есенва кога Шериф Ндијае даде хет-трик.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Црвена Звезда и Партизан

Сметајќи ги последните 15 натпревари во сите натпреварувања Партизан има две победи, Црвена Звезда оствари шест, со седум ремија. Последен пат црно-белите на Маракана славеа пред осум години, во април 2017 кога беа шампиони. Иако во првиот мандат важеше за дефанзивен тренер, Владан Милојевиќ ги помести границите кога е во прашање ефикасноста на дуелите со Партизан. Од враќањето четири пати го водеше тимот против Партизан и беа постигнати 11 гола.

Сигурно е дека Партизан ќе биде помотивиран, ќе сака новиот тренер Срѓан Благојевиќ да покаже дека е достоен за функцијата и раководството на клубот треба да му пружи шанса и по јуни. Од друга страна Црвена Звезда има свои математики. Сигурно сака да демонстрира сила и да се обиде да забележи максимален ефект против Партизан, првпат од сезоната 1997/98. Исто така Шериф Ндијае ќе се обиде во пролените две дерби пресметки да стане можеби и најдобриот стрелец во историјата на Звезда кога се зборува за пресметките со Партизан. Моментално е на шест гола, а на врвот се Џајиќ и Костиќ со по девет.