• Мартин Танасковски
Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров прави нов чекор во својата кариера, откако по есенската дебитантска епизода за првиот тим на Црвена Звезда, следува позајмица.
Српските медиуми најавија позајмица во Графичар, но Гаштаров вториот дел од сезоната ќе го помине во екипата на Борац од Чачак.
Оваа позајмица има за цел младите таленти да се калат во Првата лига на Србија и постепено да се навикнат на ритамот, физичките барања и одговорностите на сениорскиот фудбал.
Гаштаров е роден во 2006 година и е младински репрезентативец на Македонија, настапува на позицијата играч за врска и важи за фудбалер со одлична техника и чувство за игра.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

