Црвена Звезда го отпушти Бахар, познато и искусно име се враќа во Белград!

Барак Бахар повеќе не е тренер на белградска Црвена Звезда, јавија скоро сите регионални медиуми. Израелскиот тренер добил отказ после поразот во вечното дерби против Партизан (2-1), a веќе е позната и неговата замена на клупата на „црвено-белите“. 

Управата беше незадоволна од изданијата на тимот во Лигата на шампионите, а дуелот со Партизан беше последен „тест“ за тренерот кој со големи амбиции пристигна во Белград пред почетокот на актуелната сезона. Српските медиуми дознаваат дека нов тренер на Звезда најверојатно ќе биде Владан Милојевиќ, кој и во минатото беше предводник на српскиот гигант, а воедно работеше и во младинските категории. 

Навивачите го паметат Милојевиќ како одличен стратег кој за време на неговиот престој на клупата имаше неверојатен учинок од 2,32 бода по натпревар. Во тренерската кариера беше дел уште од Јавор, Чукарички, Омонија, АПОЕЛ, Аполон Лимасол, АЕК Атина, Ал-Ахли и Ал-Етифак. Последен ангажман му беше во тимот на Аполон од Кипар. 

Црвена Звезда ги загуби шансите за пласман во Лига Европа, па сега фокусот ќе биде на домашниот шампионат, каде „црвено-белите“ имаат еден бод негатива во однос на вечниот ривал, Партизан.