Црвена Звезда го носи најскапото засилување во историјата

Екипата на Црвена Звезда се подготвува за настапот во Лигата на шампионите, а пред стартот на групната фаза ќе го добие и најскапото засилување во историјата.

26-годишниот Хванг Ин-Беом од Јужна Кореја ќе дојде меѓу белграѓани и ќе биде едно од најзвучните засилувања во последниот период. Се работи за корејски репрезентативец кој игра во средниот ред, а настапува за Олимпијакос.

Црвена Звезда за неговиот трансфер ќе плати 5.000.000 евра, што е рекордна сума. Хванг е роден во 1996 година, а европската кариера ја стартува во Рубин во 2020 година. Две години подоцна се пресели во тимот од Пиреја.

Хванг со Јужна Кореја настапи и на последното Светско првенство во Катар.