• Мартин Танасковски
Македонскиот младински репрезентативец Горазд Ристовски ќе собира минутажа во Втората лига на Србија на позајмица од Црвена Звезда.
18-годишниот лев бек и У19-репрезентативец на Македонија, во новата сезона ќе го носи дресот на тимот на Графичар кој е една од филијалите на белградските црвено-бели. Во овој клуб младите надежи на Црвена Звезда добиваат искуство и тоа е нивна „отскочна даска“.
Горазд Ристовски доби договор од Црвена Звезда, клуб во кој е од 2023 година. Младиот играч потекнува од школата на Работнички, а во Србија играше уште и за Минералац.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

