Црвена Звезда аутсајдер на теренот на европскиот првак

Ждрепката не беше среќна за Црвена Звезда кога во Лигата на шампионите ја спои со Манчестер Сити. Европскиот првак минатата сезона без многу проблеми стигна до пехарот меѓу најдобрите на континентот, а и во Премиер лигата и покрај долгото водство на Арсенал, се закити со трофеј. Така, попатно, освоен беше и ФА Купот.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Манчестер Сити и Црвена Звезда

„Црвено-белите“ ја впишаа шестата последователна титула во Mozzart Bet Суперлигата на Србија и обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите, нешто за што со децении се сонуваше. Успеаја минатите сезони да го вратат клубот на европската мапа и да го кренат на завидно ниво, особено кога се зборува за конкуренцијата во регионот. Сепак, пат во Англија доаѓа во незгоден момент за Барак Бахар и неговиот тим. Иако припремните средби беа одработени на исклучителен начин, а почеткот на сезоната навести уште една прошетка на Црвена Звезда низ Србија, два порази во последните три кола ја раздрмаа самодовербата на екипата. Без бодови фаворитите останаа на гостувањата кај Вождовац и Чукарички, губеа со 3-2 и 2-1. Со тоа докажаа дека шампионот е ранлив, барем во овој момент. Со оглед на тимот кој се состави на „Маракана“ и вложените пари, навистина ќе биде големо изненадување тимот да не се консолидира во домашното првенство.

Многу ќе значи од претстојниот дуел во Mozzart Bet Суперлигата, бидејќи ќе биде „вечно дерби“ со Партизан и тоа на гости. Колку и да звучи чудно, по „инекција“ за самодоверба Звезда оди на „Итихад“. И покрај добро познатите високи, некогаш и превисоки, очекувања на навивачите, овојпат тешеко дека ќе има многу оптимисти кога се зборува за дуелот со Манчестер Сити. Сепак, за „црвено-белите“ е од огромно значење да одиграат храбро во Англија. Тешко дека ќе успеат да одолеат на налетите на „граѓаните“, но важно е да не изгледаат како разбиена банда која не знае што бара на теренот. Против Вождовац и Чукарички недостигаше креативност и одлучност, а овојпат само неколку добро изведени напади, секако со неопходната концентрација во одбраната, би биле доволни за да се сочува образот. Добра работа за Барак Бахар е што нема кадровски проблеми. Црвена Звезда во Манчестер отпатува во најсилен состав, додека Сити ќе ги дочека без Кевин Де Брујне, Џек Грилиш и Џон Стоунс, но во тимот се враќа Матео Ковачиќ. Хрватскиот играч за врска го „скокна“ Вест Хем, иако ниту неговото, ниту отсуството на споменатите тројца не се почувствува во играта. Четата на Гвардиола од стартот на сезоната има перфектен учинок: славеше против Севиља во Суперкупот на Европа, како и сите пет досегашни дуели во Премиер лигата.

Квоти за останатите натпревари во Лигата на шампионите

Јасно е дека Црвена Звезда во Англија ја чека невозможна мисија и дека бодови на елитната сцена оваа сезона ќе треба да бараат против РБ Лајпциг и првенствено Јанг Бојс. Покажа Црвена Звезда низ историјата дека може многу. Не така одамна под нозете на играчите во црвено-бели дресови се најде и Ливерпул, но моменталната ситуација е поинаква. Таква е што и чесен пораз би бил задоволувачки, а гол во мрежата на ривалот – полна капа.