Црвен картон по триесет секунди: Старт со копачка в лице во финалето на Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

Финалето на Копа Либертадорес на култниот „Монументал“ меѓу Атлетико Минеиро и Ботафого тргна со црвен картон.

По триесет секунди игра имаше брутален старт од страна на Грегоре. Во обид да дојде до топка, тој со отворен ѓон и со копачка в лице го удри Фаусто Вера

Аргентинскиот судија Тељо немаше друг избор и по сто секунди игра му го покажа патот кон соблекувалната на Грегоре.